Потпретседателот во Владата на РСМ и министер Иван Стоилковиќ со честитка по повод Велигден
Во овие светли денови на големиот христијански празник Велигден дозволете ми до сите граѓани кои го празнуваат Христовото Воскресение да упатам најискрени честитки и желби за добро здравје, љубов и меѓусебно разбирање.
Велигден е симбол на нов почеток, надеж, можност и духовна обнова – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, па затоа нека биде поттик да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот повеќе етнички и културен идентитет и да продолжиме да чекориме по патот на мирот и добрината – праведно, чесно и одговорно. Во духот на солидарноста, заедништвото и почитта, да продолжиме да ја градиме нашата заедница врз темели на разбирање, човечност и заеднички успех.
Почитувани сограѓани, посакувам во срцата на сите да завладее празнична радост и со божји благослов да го прославиме Велигден. Нека овој празник донесе благодат, радост, здравје и благосостојба во домовите.
Христос воскресе! Навистина воскресе!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата