logo
logo
logo

КОЈ ДА ИМ ОБЈАСНИ НА ЖИТЕЛИТЕ: Во Бардовци се гради прифатен центар за странци, а не за мигранти

Vecer | 03.08.2021

КОЈ ДА ИМ ОБЈАСНИ НА ЖИТЕЛИТЕ: Во Бардовци се гради прифатен центар за странци, а не за мигранти

Жителите на Бардовци закажаа мирен протест против изградбата на објект во нивната населба, но нема кој да им објасни дека тој објект нема да биде прифатилиште за мигранти, туку за странци.

Од МВР повторно велат дека она што се гради таму нема врска со мигрантите, туку е центар за странци и тоа не нов центар, туку само нов објект кој треба засекогаш да го прати во истријата она што како објект се наоѓа во Гази Баба.

За тоа што ќе биде овој објект имаше доста шпекулации. Почнувајќи уште од 2017 година се говореше дека се гради камп за мигранти, што со годините беше демантирано со многу малиот број на лица кои доѓаа во нашата земја и речиси ниту еден од нив не сакаше да остане тука.

МВР тогаш објави дека се работи за прифатен центар за странци, односно нов објект за постоечката „куќа на стравот“ во Гази Баба која не исполнува ни минимум човечки услови.

На таблата која е поставена на самата локација каде што се гради стои дека се работи за проект финансиран од ЕУ од 1,5 милиони евра, преку ИПА 2016 програмата „Миграции и азил, гранично управување и борба против тероризмот и организираниот криминал.

Четири години подоцна, со протестите на жителите, оживеа повторно оваа идеја – дека се гради прифатен центар за мигранти.

На социјалните мрежи жители на Бардовци објавуваат фотографии и видеа од градењето во полн ек.

-Прифатниот центар сместен во Гази Баба е целосно некомпатибилен за намената и поради тоа ќе се гради нов како замена за постоечкиот. Во претходните години, иако повеќе пати беа реализирани градежни зафати за подобрување на условите за сместување, овој објект и понатаму не може да одговори на потребите за обезбедување на неопходните стандарди за сместување на странци, особено за ранливите категории на лица – жени, деца, лица со посебни потреби, велат од МВР.

И до тука се е во ред ако се следат официјалните информации. Но, каде настанува проблемот?

Проблемот најверојато настанува во делот што никој од надлежните инститции не дошол и на самите жители да им објасни што тоа ќе значи – дали е тоа некаква закана за нив, како што тие сметаат, дали се оправдани нивните стравувања, и на крајот да ја смири јавноста.

-Причината за револтот кој што се појавува кај граѓаните јас ја гледам кај информирањето и транспарентноста, навременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. Жителите се пожалија баш на тоа. Ако им се објасни на луѓето за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми, изјави неодамна Златко Николоски, експерт за миграции за ТВ Алфа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk