logo
logo
logo

(ВИДЕО) Вучиќ излегувал во скопска Тропикана, а Заев не знае каде се наоѓало легендарното скопско кафуле 

Vecer | 29.07.2021

(ВИДЕО) Вучиќ излегувал во скопска Тропикана, а Заев не знае каде се наоѓало легендарното скопско кафуле 

При вчерашната прошетка на тројцата предводници на „Мини Шенген“ и градоначалникот Шилегов низ центарот на македонската престолнина, српскиот претседател Александар Вучиќ се потсети дека како млад доаѓал во Скопје и констатаира дека градот е многу сменет. Со оглед дека во Белград е тренд изградбата на фонтани и монументи, Вучиќ на прошетката постојано се интересира кога се градени оние споменици кои ги среќаваат движејќи се на кејот и плоштадот, пишува 360 степени.

„Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде“, вели Вучиќ.

Новинарката од ТВ Пинк, кои вршат директен пренос од прошетката го прашува македонскиот премиер, каде се наоѓа кафулето кое го споменува српскиот претседател, на што Заев одговара дека не знае.

„Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот сигурно“, вели премиерот Заев.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=OXy18JJNzOo&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk