Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека денес присуствувал на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутирало клучни прашања за иднината на нашиот континент.
Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, истакнува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

“Денес имав чест да присуствувам на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности.
Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата