Затруената вода која се нашла во градскиот водовод во Гостивар е одговорност - на локалните власти кои со него раководат и управуваат! Тоа е неспорен факт, а сите изјави кои се поинакви од фактот се обиди за партоиски маркетинзи.
Оттаму, јасно е на чија адреса оди одговорноста и кого обвинителите треба да посетат и да отворат истрага, и тоа сериозна затоа што последиците се масовни.
Реномираниот доктор Нико Беќаровски упати жестока критика кон актуелните власти преку брутална споредба на денешниот аматеризам со ригорозните безбедносни протоколи за заштита на водата од времето на поранешна Југославија.
Надоврзувајќи се на актуелната, крајно алармантна здравствена криза која предизвика масовно труење меѓу граѓаните, истакнатиот медицински експерт преку својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук одржа сурова јавна лекција по одговорност, потсетувајќи ги помладите генерации на заборавените времиња од поранешната држава кога јавните водоводни системи и природните извори не се третирале како обична комунална инфраструктура, туку исклучиво како стратешко општествено богатство со највисок можен безбедносен ризик.
Во тој контекст, тој евоцираше носталгични, но пред сè поучни спомени од некогашниот задолжителен образовен предмет по Општонародна одбрана и општествена самозаштита (ОНО и ОСЗ), јасно потенцирајќи дека во тој строго регулиран систем секое неовластено и сомнително приближување до виталните водни ресурси било третирано со максимална сериозност и најстрого санкционирано како директен обид за тероризам, непријателска диверзија, па дури и масовен геноцид врз сопственото население.
Од строг воен надзор до неспособни кадри кои не знаат ниту да се извинат за предизвиканиот хаос
За разлика од тие времиња кога целокупната водоводна мрежа била под константен и ригорозен цивилен но, како стартешки ресурс и на воен надзор кој апсолутно не оставал простор за никакви импровизации или фатални човечки грешки, д-р Беќаровски со огромно разочарување констатира дека денес со овие егзистенцијално важни ресурси управуваат целосно некомпетентни генерации кои, дури и кога ќе предизвикаат невидена катастрофа со несогледливи здравствени последици по нацијата, немаат ниту основно чувство за морална и кривична одговорност.
Според неговите остри и директни зборови, овие „нови клинци“ кои се поставени на раководни функции не поседуваат ниту елементарна култура за барем јавно да им се извинат на илјадниците затруени граѓани за направените колосални грешки, оставајќи го народот сам да се справува со тешките последици од нивниот очигледен институционален аматеризам кој го доведе во прашање дури и основното човеково право на безбедна вода за пиење.
„Сите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше како обид за диверзија и масовен геноцид. Сега со водоводите управуваат ‘неки нови клинци’ кои кога ќе направат невидена глупост, не знаат дури ни да кажат извини.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата