Денеска во раните утрински часови, околу 04:05 часот, во скопската населба Центар било пријавено опожарување на патничко возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишен жител на Скопје.
Според информациите од надлежните служби, пожарот бил пријавен во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Противпожарните екипи успеале брзо да го локализираат и целосно да го изгаснат огнот, спречувајќи негово ширење кон околните објекти и возила.
Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, но на возилото е причинета значителна материјална штета. По интервенцијата, на местото бил извршен увид од страна на полициски екипи и други надлежни служби.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот, вклучително и можноста за подметнување.
Фото: Илустрација, Архива
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата