logo
logo
logo

КОЛКУ ИМААТ - ТОЛКУ ИМ СЛЕДУВААТ: ВРЕДИ добива шест министерства по владината реконструкција, Сали ги соопшти ресорите?

Vecer | 28.06.2026

КОЛКУ ИМААТ - ТОЛКУ ИМ СЛЕДУВААТ: ВРЕДИ добива шест министерства по владината реконструкција, Сали ги соопшти ресорите?

Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи ВРЕДИ по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од ВРЕДИ, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет.

Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.

-Се уште нема финално име за правда и култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека перформираат добро во Владата, задоволни сме како ВРЕДИ и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е од нашите, истакна Сали, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот со кој ВРЕДИ одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција.

Според Сали, се додека траат преговорите има отворени теми, но министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, сигурно ќе и бидат доверени на ВРЕДИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk