logo
logo
logo

Потписникот на Договорот за стратешко партнерство со САД за позицијата на Македонија во однос на апсењето на Мадуро

Vecer | 04.01.2026

Потписникот на Договорот за стратешко партнерство со САД за позицијата на Македонија во однос на апсењето на Мадуро

Позицијата на Македонија во однос на апсењето на Мадуро од страна на САД

Кога Македонија ја доби пресудата пред МСП во Хаг 2011г. пола од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа и се правеа како за нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот Суд на Обединетите Нации. Пресудата дека малата Македонија во 2008, спротивно на меѓународното право, била попречена да добие покана за членство во НАТО, ја сметаа за небитна, а уште помалку за обврска која секоја држава членка на О.Н. треба да ја почитува.

Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес, бидејќи токму тие 5-6 европски држави со молчењето веќе го направија преседанот во однос на селективната (не)примена на меѓународните облигации за членките на ОН.

После ова искуство на хипокризија, денес Македонија во однос на апсењето на Мадуро има сосем навремена и правилна позиција, изразена преку министерот за надворешни работи Муцунски. Кратко и јасно, поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД!

Светот влегува во нова геополитичка динамика и Македонија, како членка на ОН и на НАТО, легитимно и проактивно треба да си го следи својот интерес.

Истовремено оваа нова ситуација е добра шанса за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела, која од автократија има добра прилика да стане демократија без политички затвореници, без нарко-картели и да биде стопански развиена држава во интерес на сите нејзини граѓани, пишува поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на Собранието и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој во 2008 година го потпиша Договорот за стратешко партнерство на Македонија со САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk