Синоќа на патарината Петровец се случил сериозен инцидент кога возач на „Мерцедес“ физички нападнал вработен на патарината, по што со возилото ја скршил рампата и избегал од местото на настанот.
Според неофицијални информации, по вербална расправија дошло до тепачка, при што вработениот бил повреден. Напаѓачот потоа со голема брзина ја пробил наплатната рампа и се дал во бегство.
Случајот е пријавен во полиција, која презема мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителот.
На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата