logo
logo
logo

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕН ДО СОБРАНИЕТО - Еве од што зависи неговото донесување

Vecer | 13.05.2026

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕН ДО СОБРАНИЕТО - Еве од што зависи неговото донесување

Изборниот законик ќе биде доставен до собранието, но дали ќе помине ќе зависи од филибастеринг, односно од тоа дали опозицијата ќе одлучи на тој начин да го блокира неговото донесување. 

И покрај бојкототот од СДСМ на меѓупартиската работна група, за новиот Изборен законик има консензус од сите други и наскоро ќе стигне до Собрание. Дали ќе биде изгласан според премиерот Мицкоски зависи од евентуална амандманска блокада, но вели дека доколку тоа не се случи, оваа обврска од реформската агенда може да биде завршена до крајниот рок. На состанок утрово со Герт Јан Копман од Директоратот за проширување на Европската комисија, ги разгледале клучните приоритети за кои Мицкоски вели дека се реализирани безмалку сите. 

Одговарајќи на обвинувањата од СДСМ за евроинтеграциите, Мицкоски повторно спомена избори. Опцијата за предвремени парламентарни не ја отфрла како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, иако како Влада вели дека годинава имаат други приоритети.

Ние сме промакедонска партија и тоа нас не интересира, а тоа што тие како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување е нивен проблем и мислам со тој проблем многу скоро на избори ќе се соочат. / Како влада сме за тоа да има редовни парламентарни избори, коишто ќе се случат пролетта 2028 година, но како ВМРО-ДПМНЕ, а и како Влада сме подготвени во секое време да имаме парламентарни избори и на тие избори да победиме.

Во однос на реконструкцијата на владата најавена за во јуни, премиерот кажа дека уште нема донесени одлуки. Уверува дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ функционира исклучително квалитетно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk