logo
logo
logo

Нова опрема, реконструиран објект и 55 вработувања за болницата во Струмица

Vecer | 17.06.2026

Нова опрема, реконструиран објект и 55 вработувања за болницата во Струмица

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Општата болница во Струмица, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа, со што значително се подобрија условите за лекување на пациентите во една од најважните регионални здравствени установи во државата.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 279.3 милиони денари, а проектот опфати обемни градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на болничките капацитети.

Со оваа инвестиција Општата болница во Струмица доби современи услови за функционирање и дополнително го зајакна својот капацитет како регионален здравствен центар за повеќе од 200 илјади жители од Струмица, Радовиш, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село и околните општини. Инвестициите во болничката инфраструктура остануваат еден од клучните приоритети на Министерството за здравство, со цел создавање модерен, ефикасен и достапен здравствен систем кој ќе обезбеди поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Инаку, за оваа установа обезбедивме и нова најсовремена медицинска опрема – компјутерски томограф, во вредност од 43.5 милиони денари, а изминатиот период се реализирани 55 нови вработувања со цел зајакнување на кадарот, истакна министерот Алиу.

Во рамки на заложбите за регионализација, ова е значајна инвестиција за граѓаните од Струмичкиот регион, затоа што ќе значи подобра здравствена заштита, побрз пристап до здравствена услуга која ќе ја добиваат поблиску до местото на живеење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk