logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: СКОПЈЕ СЕ САКА СО ДЕЛА, го уредуваме градот онака како што заслужуваат скопјани

Vecer | 17.06.2026

Ѓорѓиевски: СКОПЈЕ СЕ САКА СО ДЕЛА, го уредуваме градот онака како што заслужуваат скопјани

Едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, просторот каде илјадници скопјани секојдневно пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите семејства, го уредуваме со нова урбана опрема, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што кејот станува попријатен, почист и пофункционален за сите граѓани.

Ова беше барање на голем број жители кои секој ден го користат овој простор, а наша обврска е да одговориме со дела.

Истовремено, продолжува редовното одржување на кејот, како и акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на територија на Град Скопје.

Чекор по чекор, го уредуваме градот онака како што заслужуваат скопјани.

Скопје се сака со дела.

Скопјани заслужуваат!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk