logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЖИВ СВЕДОК на вековната историја, порача премиерот Мицкоски

Vecer | 05.05.2026

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЖИВ СВЕДОК на вековната историја, порача премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик во која порачува дека македонскиот јазик е темелот врз кој се издигнува нашата духовна и национална самобитност.

-Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите зборови се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации кои го граделе и зачувале нашето постоење - се вели во честитката од Мицкоски.

Нашата должност денес, како што посочува премиерот, е јасна и возвишена да го негуваме, унапредуваме и достоинствено претставуваме македонскиот јазик, како дома, така и на меѓународната сцена.

-Во време на предизвици, потребна е мудрост, единство и непоколеблива верба во вредностите што не дефинираат.Како општество и како држава, остануваме цврсто определени да го заштитиме и афирмираме македонскиот јазик како неотуѓиво културно и историско наследство. Тој е наша заедничка обврска, но и наша заедничка иднина. Нека 5 Мај биде потсетник дека преку јазикот ја чуваме душата на народот. Честит Ден на македонскиот јазик! - вели премиерот Мицкоски во честитката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk