logo
logo
logo

(ВО ЖИВО) Премиерот Мицкоски на увид на изградба на детска градинка во Инџиково

Vecer | 11.05.2025

(ВО ЖИВО) Премиерот Мицкоски на увид на изградба на детска градинка во Инџиково

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот е 47.508.811 денари, обезбедени од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, приземјен објект со висина од три метри. Во овој објект ќе бидат згрижени 36 деца над 2 години и 12 деца до 2 години, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk