Во време кога СДС беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната енергија одеа до плафон, куповната моќ на парите се намалуваше, а тогашната власт не мрдна со прст да помогне на граѓаните, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме дека тогаш, СДС на чело со Заев, сакаа да воведат и така наречена еколошка такса со која дополнително ќе ги зголемеа цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар, кои ќе ги плаќаа граѓаните, а тие пари ќе оделе за инвестиции во еколошки, обновливи извори.
“Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати...“ гласи одлуката на владата на СДСМ од јуни 2021 година

А во врска со тоа дека парите ќе оделе во “обновливи извори“ на енергија... Исто така, да ја потсетиме јавноста, фирма со земјиште во Дојран за производство на струја од фотоволтаици (обновливи извори) имаат Никола Филипче (брат на Венко) и Вице Заев.
Овој предлог Закон на СДС, Заев и Филипче ќе значеше дека 50-55 милиони евра ќе „оделе’’ во Буџетот на државата, а со оглед на тоа дека тогаш Буџетот на државата беше и паричник на СДС, тие пари ќе одеа во фирмите на Филипче и Заев, поточно во нивните џебови.
Среќа за граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на животниот стандард на граѓаните и го блокираше овој предлог Закон.
Ете, како СДС сакаше да биде „одговорна, зелена’’ партија, по стапките на ДУИ. Затоа се таму каде што се – во длабока опозиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата