logo
logo
logo

Голем јубилеј на ДРЖАВНИОТ АРХИВ: 75 ГОДИНИ ЧУВАР НА НАЦИОНАЛНАТА МЕМОРИЈА

Vecer | 06.04.2026

Голем јубилеј на ДРЖАВНИОТ АРХИВ: 75 ГОДИНИ ЧУВАР НА НАЦИОНАЛНАТА МЕМОРИЈА

Јубилејните 75 години од своето постоење, кои ги чествува со мотото „Столб на македонското битие“, Државниот архив на Република Македонија денеска ќе ги одбележи со три настани.

Во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде промовирана поштенска марка, во Порта Македонија ќе биде организирана средба со претставници на 14 архиви и архивски асоцијации од регионот и од Европа, а вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија за јубилејот, под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски.

-Со овие три сегменти, Државниот архив ја потврдува својата улога како чувар на националната меморија и мост кон европската и регионалната архивска заедница. Настаните се дел од јубилејната програма со која се одбележува 75-годишниот пат на институцијата – пат на модернизација, меѓународна соработка и афирмација на архивското наследство, соопшти Државниот архив.

Архивиот е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk