logo
logo
logo

Ѓорѓиевски вели дека ова ќе биде редовна пракса

ГЕНЕРАЛКА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, СЕ ЧИСТИ ТЕМЕЛНО

Vecer | 31.01.2026

ГЕНЕРАЛКА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, СЕ ЧИСТИ ТЕМЕЛНО

Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

„Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс. Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и се чистат улиците и паркинзите, се сече и се отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад. Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува, објави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на континуирана грижа, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

Фото; Фејсбук профил на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk