logo
logo
logo

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација, а 30 од нив се подготвени да го напуштат Блискиот Исток

Vecer | 02.03.2026

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација, а 30 од нив се подготвени да го напуштат Блискиот Исток

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ги напуштат земјите од Блискиот исток во првата можна прилика, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Како што нагласуваат оттаму, со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

– Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката, се вели во соопштението од МНРиНТ.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, како што се нагласува во соопштението,  и натаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваат сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи. 

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ) 075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk