logo
logo
logo

Додека Скопје спиеше, се „бркаа“ комарците: ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА ФАЗА ОД ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА

Vecer | 19.06.2026

Додека Скопје спиеше, се „бркаа“ комарците: ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА ФАЗА ОД ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА

Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје.

Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширење заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните.

Како што информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, активноста е спроведена согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје.

Навременото третирање е клучно за спречување на масовна појава на комарци во летниот период. Градот Скопје продолжува со системски, навремени и одговорни активности за заштита на граѓаните. Во следните денови ќе се реализираат уште две фази од дезинсекцијата, со цел целосна и ефикасна заштита на територијата на градот“, информира градоначалникот Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk