Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.
Тој заедно со градоначалникот Сотир Лукровски изврши увид во реконструкција на улицата „Јуриј Гагарин“, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, во соработка со општината.
- Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, што не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите. И еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор, изјави вицепремиерот Николоски.

Сакам да најавам, додаде, дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата „Петар Чаулев“, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително, очекува дека ќе придонесе за урбаниот развој на општината.
На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош, потенцира Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата