logo
logo
logo

89 ПАЦИЕНТИ се згрижени во Македонија, 76 на лекување во странство

Vecer | 18.03.2025

89 ПАЦИЕНТИ се згрижени во Македонија, 76 на лекување во странство

Релативно е стабилна состојбата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, но не може да се каже каква ќе биде состојбата понатаму, бидејќи се уште е рано, рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, во изјава за медиумите.

На Клиниката за пластика во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во Стара Градска има 12, во „8-ми септември“ 18, во Штип се останати 3, на Пуломологија 2. Вкупната состојба е 89 пациенти згрижени во Македонија.

-До утрово имаме вкупно 76 пациенти кои се пренесени на лекување во странство. Последни се транспортирани ноќеска во Хрватска 2, во Атина 3, во Виена 2 и во Словенија двајца пациенти. Планираме препраќање на уште неколку пациенти и сме во преговори со Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија, рече тој.

Заменик-министерот информира дека утрово имал состанок и со докторите кои од Белгија пристигнаа во Македонија за да помогнат со лекување на најтешките пациенти.

-Од Израел има пристигнато 7, а денес ќе стигнат уште 10 доктори кои ќе бидат прераспределени. Имаме и доктори од Чешка и од ВМА, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk