logo
logo
logo

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја диригира ПР-стратегијата на СДСМ преку Башановиќ и Шчекиќ

Vecer | 26.03.2026

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја диригира ПР-стратегијата на СДСМ преку Башановиќ и Шчекиќ

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, „е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Заев“. Според нив, Заев „ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционери“, потсетувајќи дека во минатото го поставил и Димитар Ковачевски.

Владејачката партија наведува дека Филипче неодамна остварил средби во Ниш и во Грција со лица кои, како што тврдат, се блиски до Заев. Во соопштението се посочува дека „Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ, а во Грција со пријателот на Заев, Башановиќ, под целосна насока на Заев“.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека токму овие лица имаат значајно влијание врз комуникациската стратегија на СДСМ. „Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ, заедно со неговиот соработник Шчекиќ“, стои во текстот, додавајќи дека „тие ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче“.

Во соопштението се изнесуваат и тврдења за наводно контроверзно минато на Башановиќ, при што се наведува дека тој е „поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата“.

ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека „односот на СДСМ и Филипче кон јавноста е под диктат на Башановиќ и Шчекиќ“, оценувајќи дека партијата е „во ерозија“, а довербата кај граѓаните „секојдневно се намалува“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk