logo
logo
logo

Пријавувањето е до 12 септември

Министерството за образование објави повик: ОБУКА ЗА AI ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Vecer | 28.08.2025

Министерството за образование објави повик: ОБУКА ЗА AI ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

Обуката „AI во училница“ е наменета за наставници со основно познавање на дигитални алатки и активно владеење на англискиот јазик, и има за цел да им помогне да ја интегрираат вештачката интелигенција во сите фази на наставниот процес, од подготовка на часови до оценување.

„Обуката е организирана во соработка со групацијата Brainster, а пријавувањето е отворено до 12 септември. По завршувањето на пријавите, ќе следи селекција и тестирање на кандидатите, а обуката ќе започне на 1 октомври“, се наведува во соопштението.

Наставниците што ќе ја поминат обуката ќе добијат бесплатен пристап до осум различни курсеви месечно со најсовремена и практична содржина, како и можност за стекнување на осум дигитални сертификати месечно дополнети со печатен сертификат за успешно завршување на целата програма. Предавачи ќе им бидат инструктори со меѓународно искуство, а Brainster Next факултетот ќе формира менторска група што ќе обезбеди индивидуализирана поддршка за наставниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk