logo
logo
logo

Само 420 активни на корона во Македонија - ЕВЕ КАКО Е ПО ГРАДОВИ

Vecer | 16.06.2021

Само 420 активни на корона во Македонија - ЕВЕ КАКО Е ПО ГРАДОВИ

Последната статистика од вчерашното деноноќие регистрира 29 нови случаи на Ковид 19 од направени 2887 тестирања, ниту едно починато лице. Оздравени се во тоа деноноќие 34 лица. Активни се 420 случаи.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Од направени 2.887 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19, и тоа девет од Скопје, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид  по 2, Штип и Струмица по 1, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството информираат дека во изминатото деноноќие нема починати лица, додека регистрирани се 34 оздравени пациенти од Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, на инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 96 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 30 се во Скопје. Во ковид-центрите има околу 460 празни болнички кревети. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите вакцинални пунктови низ државата. Интересот за вакцинирање се зголемува. Според податоците на веб страницата vakcinacija.mk, досега во државава се вакцинирале 259.935 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68614, Активни 170

Куманово 8868, Активни 50

Прилеп 8319, Активни 31

Тетово 7232, Активни 29

Битола 6304, Активни 16

Велес 5471, Активни 3

Гостивар 5180, Активни 14

Кавадарци 5153, Активни 0

Охрид 5011, Активни 21

Штип 4959, Активни 3

Струмица 4113, Активни 7

Струга 2981, Активни 4

Кочани 2791, Активни 4

Кичево 2578, Активни 30

Гевгелија 2195, Активни 2

Неготино 2184, Активни 3

Свети Николе 1523, Активни 0

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1222, Активни 2

Радовиш 1161, Активни 7

Берово 1029, Активни 0

Делчево 972, Активни 3

Дебар 941, Активни 2

Виница 886, Активни 5

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 376, Активни 3

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 1

Дојран 132, Активни 0

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk