logo
logo
logo

ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО АРАЧИНОВО, се бара тој што пукал со автоматска пушка

Vecer | 02.04.2024

ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО АРАЧИНОВО, се бара тој што пукал со автоматска пушка

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави ТВ21.

Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Иако мотивите за последниот напад се уште официјално не се познати, во медиумите веќе се шпекулира дека станува збор за внатрепартиска пресметка во ДУИ, но нејзиниот лидер Али Ахмети денеска само кусо одговори.

– Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на општината, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа – кусо изјави Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk