logo
logo
logo

НА РЕД ДОЈДЕ И ЈЕГУНОВЦЕ: Мицковски од општина до општина, кои се проблемите и што од нив решиле

Vecer | 16.09.2025

НА РЕД ДОЈДЕ И ЈЕГУНОВЦЕ: Мицковски од општина до општина, кои се проблемите и што од нив решиле

Ценам дека ова денес што го видовме е навистина импресивно. Но, ова е само дел од тоа што Диме како градоначалник заедно со администрацијата, заедно со советниците, заедно со пратениците и од Јегуновце, но и од полошкиот регион го прават за Општина Јегуновце, кажа во своето обраќање од Јегуновце претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

“Во периодот којшто следи како што кажа и градоначалникот ќе имаме и уште дополнително проекти коишто ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но истовремено и од буџетот на општината. Очекувам овој градежен „бум“ да продолжи со што ќе се подобрат условите за живот, ќе се поткрене нивото и стандардот на граѓаните.

Убеден сум дека само со посветена, чесна, напорна работа се постигнуваат резултати. Се останато е политиканство. Ние не сме тука за да водиме политиканство, ние сме тука за да работиме за интересот на граѓаните. Уште еднаш честитки до Диме како градоначалник и очекувам во следниот четири годишен мандат уште многу други, стотици проекти да бидат реализирани“, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk