logo
logo
logo

Успеа ли Коцевски да заташка над 40 предмети на СДСМ и ДУИ ЗА КОРУПЦИЈА?

Vecer | 17.12.2025

Успеа ли Коцевски да заташка над 40 предмети на СДСМ и ДУИ ЗА КОРУПЦИЈА?

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи ја како тактички потег за да се избегнат непријатни дискусии во Собранието и вистината за неговото работење.

„Со оставката, Коцевски ги призна проблемите во Јавното обвинителство, кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет. Коцевски го водеше обвинителството речиси 2 години и не направи ниту една реформа. Напротив, Обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДСМ и ДУИ и нивните функционери. Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус кво на Обвинителството“, се наведува во соопштението.

Партијата истакнува дека Коцевски е првиот државен обвинител на кого Парламентот му изгласа недоверба, но тој тактизирал за да извлече „барем ден плус во заштита на функционерите на СДСМ и на ДУИ“.

„Со оставката на Коцевски се става крај на темниот период во Обвинителството како партиски механизам за заштита на СДСМ и на ДУИ. Оставката на Коцевски не е персонално, туку системско решение и е јасна порака дека никој не е недопирлив“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прашува дали со оставката се купувало време за заташкување на над 40 предмети за висока корупција на функционери од СДСМ и ДУИ.

„Оставката на Коцевски е победа за правната држава, крај на партизацијата и почеток на европеизацијата. Ова не е крај, туку почеток на неселективна и навремена правда. ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за независно, професионално и департизирано Обвинителство“, се нагласува во соопштението.

Оставката на Коцевски доаѓа по интерпелација и гласање недоверба во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk