logo
logo
logo

Предлог-законот за изградба на железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија ‒ на дневен ред

Vecer | 17.12.2025

Предлог-законот за изградба на железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија ‒ на дневен ред

– Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.

Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан  Караџов. Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.   Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за буџети и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка. Исто така и предлог законите за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3,  меѓу Европската банка за обнова и развој и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, како и на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата е и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Исто така и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди, на Законот за прекршоците, на Законот за извршување на санкциите, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за возила, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  на Законот за полиција, сите по скратена постапка

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk