logo
logo
logo

Посетителите ги јаваат диносаурусите за да се фалат на социјалните мрежи, а и уринираат врз засадените грмушки

Vecer | 07.06.2021

Посетителите ги јаваат диносаурусите за да се фалат на социјалните мрежи, а и уринираат врз засадените грмушки

Новоотворениот Дино-парк во Скопје е едно од најпосетуваните места во градот во изминатите неколку денови. Сепак, глетката во паркот воопшто не е онаква на каква што се надеваа надлежните.

Дел од љубопитните деца заедно со своите уште пољубопитни родители, ја користат секоја можност додека се во паркот за да се приближат до диносаурусите и да им ги допрат главите, забите. Некои се обидуваат да им извлечат заб, да откорнат малку земја од „вулканот“ кој е поставен таму, а за подобра фотографија што подоцна ќе ја објават на социјалните мрежи, неретко ги качуваат и децата на грбот на диносаурусите и така ги сликаат, фалејќи се притоа на социјалните мрежи колку убаво си поминале при посетата на Дино-паркот, пишува Слободен Печат.

За состојбата да биде уште полоша, голем дел од растенијата и дрвцата што беа засадени за да го раззеленат просторот, се изгазени во обид луѓето да се приближат што е можно поблиски до диносаурусите.

Состојбата оди дотаму што на социјалните мрежи деновиве кружат и фотографии од деца посетители на Дино-паркот како уринираат врз засадените грмушки. Лошата хигиена е нешто што исто така привлекува внимание при посетата на паркот. Иако кантите за отпадоци се исчистени, несовесните посетители ги расфрлаат отпадоците насекаде, нагрдувајќи ја уникатноста на Дино-паркот.

Целиот текст прочитајте го на Слободен Печат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk