logo
logo
logo

МЕГАФОНИТЕ НА СДСМ ПОВИКУВААТ НА ЛИКВИДАЦИЈА НА МИЦКОСКИ Андоновска го повика СДСМ јавно да се огради од повикот на Тричковски за убиство

Vecer | 09.10.2025

МЕГАФОНИТЕ НА СДСМ ПОВИКУВААТ НА ЛИКВИДАЦИЈА НА МИЦКОСКИ Андоновска го повика СДСМ јавно да се огради од повикот на Тричковски за убиство

Кога мегaфоните на СДСМ повикуваат на распарчување на премиерот, тоа не е хумор, тоа е црна пропаганда насочена кон создавање страв, поделби и дестабилизација во изборен период. Тоа е дел од стратегијата на една потоната партија, која, наместо идеи, нуди омраза и агресија, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција на која говореше Викторија Андоновска.

– Повод за овој прес е срамната и морбидна објава на социјалните мрежи од Бранко Тричковски, долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник на СДСM, кој во врска со настанот со лажната дојава за бомба во центарот на Скопје, пишува, цитираме: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчaното тело на Христијан!“ Овој морбиден испад не е изолиран случај, ниту дело на поединец со нарушена психолошка состојба. Тоа е резултат на системскиот очај и политичкиот банкрот на СДСМ, кои, свесни дека немаат што да им понудат на граѓаните, се потпираат на омраза, лаги и повици на насилство – изјави Андоновска.

Таа додава дека фактот што медиуми кои важат блиски до СДСМ редовно ги објавуваат и промовираат ставовите на Тричковски, покажува дека станува збор за организирана хајка, диригирана од ист центар, со цел да се поттикне тензија, да се создаде впечаток на страв и да се измести фокусот од реалните теми што ја мачат државата и граѓаните.

– Да нема забуна – ова не е еден човек што зборува сам за себе, ова е гласот на очајот на СДСМ, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили. Исто така, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки — дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува. Во секој случај тие се соучесници во ширењето омраза и закани – рече Андоновска.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални поврзаности со политички структури.

– Јасно нагласуваме: ова не е слобода на говор, туку повик за убиство — повик за криминален акт против животот на друг човек. Затоа, сите кои ги шират, ги оправдуваат или ќе го штитат овој човек немаат оправдување. Тие се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика – рече Андоновска и го повика СДСМ јавно да се огради од овој, како што рече, срамен чин.

– Молкот е признание! Доколку не се оградат, тоа ќе биде доказ дека ја одобруваат ваквата реторика и стојат зад неа. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја брани државата, институциите и демократијата од секој обид за насилство, без разлика од каде доаѓа. Политиката не смее да биде поле за омраза, туку натпревар во идеи и визии. Македонија нема да дозволи омразата да стане кампања – порача Андоновска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk