logo
logo
logo

ВКУПНО ДОСЕГА 74.076 ВАКЦИНИРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА, само вчера дадени се 9.123 вакцини

Vecer | 06.05.2021

ВКУПНО ДОСЕГА 74.076 ВАКЦИНИРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА, само вчера дадени се 9.123 вакцини

Според министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден се дадени 9.123 вакцини. Од нив прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани.

Како што додаваат на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

- Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, велат од МЗ

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk