logo
logo
logo

Од Македонија подобри се Бангладеш и Сао Томе и Принципе по вакцинација, според Њујорк Тајмс

Vecer | 06.05.2021

Од Македонија подобри се Бангладеш и Сао Томе и Принципе по вакцинација, според Њујорк Тајмс

Македонија, според „Њујорк Тајмс“ е на самото дно со само 3,2 вакцинирани лица на 100 жители, со што уште еднаш се потврдува неспособноста на Владата и на министерот за здравство со справувањето со корона кризата.

За споредба, Сао Томе и Принципе имаат 4,5,  Тунис има 3,6 Бангладеш има 5,5, Непал 7,3, додека од Регионот Албанија има 11, толку има и Црна Гора, Додека Србија има 51 вакциниран жител на 100 жители.

Она што е интересно во целата ситуација, е фактот што некои пропаднати држави како Либан, Ел Салвадор, Камбоџа и други се подобро рангирани по бројот на вакцинирани лица на 100 жители.

 

Дека Македонија е на дното во Европа објави и Еуроњуз според чија статистика Македонија е во најлошите три земји по вакцинација. Полоши од Македонија според нивната статистика се само Босна и Херцеговина и Косово

Инаку, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Република Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk