logo
logo
logo

Марија Митева избрана за ТРЕТ ПОРТПАРОЛ на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 05.05.2021

Марија Митева избрана за ТРЕТ ПОРТПАРОЛ на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ покрај актуелните портпароли Димче Арсовски и Наум Стоилковски, на последната седница на Извршниот комитет ја избра Марија Митева за портпарол на партијата.

Како што соопштуваат Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.

- На седницата меѓудругото се разгледуваше актуелната економска и политичка ситуација, поврзани со актуелните случувања во време на пандемијата при што се изнесоа неколку заклучоци од страна на раководството, потенцираат од партијата.

Во соопштението се додава дека економската ситуација во Република Македонија никогаш не била полоша. Економијата и стопанаството трпат на сметка на неспособноста на Владата предводена од СДСМ, при 60.000 граѓани останаа без работа за само неколку месеци, а од друга страна се вработуваат партиски војници на СДСМ и се згрижуваат по институции.

- Владата на СДСМ е угушена од корупција и криминал, согласно последните случувања со аферите Мафија 1, Мафија 2, запленетата дрога која е поврзувана со СДСМ и Заеви, криминалните тендери на Рашковски, како и криминалот кој се случува во сред пандемија во министерството за здравство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се нагласува дека владата на СДСМ и неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев и понатаму е главен проблем на државата, секојдневно одземајќи по десетици и десетици животи на граѓаните.

Пандемијата единствено се користи за политички поени и за личен финансиски интерес на власта, како и на луѓе блиски до Филипче и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk