logo
logo
logo

Сајкоски: Гоце Делчев ништо не направил за Бугарија, ТОЈ СЕ БОРЕЛ И ЗАГИНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 04.05.2021

Сајкоски: Гоце Делчев ништо не направил за Бугарија, ТОЈ СЕ БОРЕЛ И ЗАГИНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, кој ја предводеше партиската делегација пред гробот на Гоце Делчев.

„Како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава, изјави Сајкоски.

Тој посочи дека знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште.

- И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години, истакна тој.

Сајкоски потенцираше дека во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија.

- Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија, посочи Сајкоски.

https://youtu.be/k2UOlcYipQ8

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk