logo
logo
logo

Три нови услуги на порталот е-услуги, НА 2 МИНУТИ СЕ НАМАЛУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ОБРАЦИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ

Vecer | 03.04.2026

Три нови услуги на порталот е-услуги, НА 2 МИНУТИ СЕ НАМАЛУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ОБРАЦИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, Образец за лица кои се стекнале со назив магистер/специјалист и Образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд се трите нови електронски услуги достапни на Националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk (линк https://uslugi.gov.mk/ ) .

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, по повод пуштањето во функција на новите електронски услуги рече дека со овие три услуги целосно се затвора пакетот услуги за високото образование.

– Со ова се олеснува начинот на запишување и студирање на сите три циклус студии на факултетите. Наша задача е да ја обезбедиме платформата, а институциите како ДЗС покажуваат колку таа може да биде корисна – изјави Андоновски.

Со новата услуга, времето на пополнување од 10 минути за студентите, Андоновски рече дека се намалува на минута до две, со оглед дека сега откако ќе се отвори образецот веќе е предпополнет со податоци кои се достапни во базите на податоци.

Порталот за електронски услуги Андоновски, нагласи дека веќе стабилизиран на бројка од 10.000 услуги кои се даваат на граѓаните на месечно ниво, што е раст од 10 пати, ако се знае дека почнавме со бројка од 1.400 услуги.

Директорот на Државниот завод за статистика Станков, на промоцијата, рече дека трите нови услуги од областа на високото образование се пуштени во употреба веќе од 1 април и достапни на електронскиот портал за Е-услуги.

– Со нивното воведување се овозможува побрзо, поефикасно и поедноставно пополнување и доставување на потребните информации, без административни бариери и со значително заштедено време. На овој начин и Државниот завод за статистика многу побрзо прибира податоци – изјави Станков.

Тој најави дека во брзо време ќе бидат достапни и нови услуги, како што е бројот на новозапишани студени.

Услугите, како што беше посочено, имаат за цел да го поедностават и да го дигитализираат процесот на доставување статистички податоци за завршени нивоа на високо образование.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk