logo
logo
logo

Вработен во ОБРАЗОВНА УСТАНОВА осомничен за ширење ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

Vecer | 03.04.2026

Вработен во ОБРАЗОВНА УСТАНОВА осомничен за ширење ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола покрена истрага и предложи притвор против 31-годишен битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија.

Од Обвинителството соопштија дека осомничениот, кој инаку бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април годинава, на компјутерските уреди и опрема што ги користел дома, за себе набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

За детална проверка на сите добиени сознанија во врска со случајот, од Обвинителството информираат дека освен во Битола, се преземаат дејствија и се вршат проверки и во Скопје и други градови.

„Постапката е резултат на предистражни дејствија на Обвинителството во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје, кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб-страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца“, соопштија од Обвинителството.

Во рамки на акцијата за откривање на корисниците на ИП-адресите кои се обиделе да пристапат до една или повеќе веб-страници, австралиските служби идентификувале повеќе корисници, нивните електронски и ИП-адреси од кои дел во Македонија, за што испратиле известување и до македонските истражни органи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk