logo
logo
logo

Судење за „Пулс“ - СНИМКИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ ЈАСНО ПОКАЖУВААТ - Полиуретанскиот сунѓер на плафонот го пеплосал целиот објект!

Vecer | 20.08.2026

Судење за „Пулс“ - СНИМКИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ ЈАСНО ПОКАЖУВААТ - Полиуретанскиот сунѓер на плафонот го пеплосал целиот објект!

Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Професорот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска од каде произлегува констатацијата во вештачењето дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер. Марковски при тоа посочи дека во објектот не биле пронајдени остатоци од сунѓерот, бидејќи целосно изгорел, но дека заклучокот е заснован на фотодокументација, снимки, наодите од другите вештачења и трагите пронајдени во објектот.

– Тоа е всушност главниот проблем. Целиот сунѓер изгорел и практично остатоци од сунѓер кои за градежно вештачење може да послужат, не можеа да бидат најдени во објектот, и покрај тоа што со часови се обидувавме да дојдеме до тоа – рече Марковски.

На констатацијата на адвокатката дека не е пронајден материјален примерок од сунѓерот, Марковски одговори „за жал не остана, затоа што изгорел целиот“.

Во однос на прашањето дали примероците анализирани во лабораторија можеле да потекнуваат и од други полимерни материјали во објектот, а не од полиуретанскиот сунѓер, Марковски остана на наодот дека на спуштениот плафон имало поставено таков материјал.

– Евидентно е и неспорно дека на спуштениот плафон бил поставен сунѓерот за којшто зборувате. И од фотографии и од снимки кои ни беа доставени. Но, тој сунѓер може да го има и во други елементи што уште повеќе ја влошува ситуацијата и го докажува небулозитетот и неводењето сметка за употреба на соодветни материјали во таков вид објект. За нас е неспорно дека на спуштениот плафон имало поставено полиуретански сунѓер – рече Марковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk