logo
logo
logo

ИМ СМЕТА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, шефот на кабинет на Шилегов против зборовите на МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН

Vecer | 28.04.2021

ИМ СМЕТА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, шефот на кабинет на Шилегов против зборовите на МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН

И зборовите на големиот македонски драматург Горан Стефановски почнаа да им  сметаат на луѓето од власта.

За власта национализам е ако се зборува за Хераклеја и Охрид, па така шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски, кој е познат по тоа што е внук на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, го нападна еден од најголемите луѓе со кои се гордее Македонија.

- Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас”, вели во едно интервју Стефановски кое го цитира функционерот на СДСМ Наумоски а неговите зборови ги класифицира како национализам и спордни факти.

Само Наумоски си знае што е спорно во оваа изјава на Стефановски, но кога Македонија се сеќава на роденденот на великанот Стефановски си земаат за слобода да манипулираат со неговите изјави.

- Национализам. Ама здрав. Својствен за гастербајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорни историски факти, пишува десната рака на Шилегов за легендарниот Горан Стефановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk