logo
logo
logo

Николоски: Заев лета со хеликоптер до Прилеп, наместо да го изгради ветениот пат до Градско

Vecer | 16.04.2021

Николоски: Заев лета со хеликоптер до Прилеп, наместо да го изгради ветениот пат до Градско

Не само што не се изгради експресниот пат од Прилеп до Градско којшто беше започнат и којшто крими-владата на Зоран Заев го стопираше, туку и постојниот пат е во ужасна состојба и веројатно затоа решија да дојдат со хеликоптер, со цел да ги избегнат дупките коишто не можат да се избегнат доколку возите по овој пат од Градско до Прилеп, изјави потпретседателлот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на Прилеп.

Тој вели дека не само што не е изграден експресниот пат од Прилеп до Градско, односно како што рече криминалната влада на Заев го стопирала, туку и дека постојниот пат е во ужасна состојба.

- Во текот на кампањата зборувавме за изградба на автопатско решение, сега гледаме дека А нема од изградба на автопатско решение, исто така не продолжува работата на експресниот пат, што го остава Прилеп да биде едно слепо црево, а се наоѓа во центарот на Македонија, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk