logo
logo
logo

Какви ќе бидат ПРАВИЛАТА ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vecer | 15.04.2021

Какви ќе бидат ПРАВИЛАТА ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Европската комисија соопшти дека работат на предлог што ќе ги промени сегашните препораки за забрана на неесенцијалното патување на граѓаните на Западен Балкан во ЕУ.

Брисел потсетува дека со цел да се потисне пандемијата и да се шират нови видови на вирусот „Ковид-19“, во моментов во сила се ограничувања во ЕУ, кои се однесуваат на неважни патувања во ЕУ и кои се однесуваат и на земјите од Западен Балкан.

„Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за промена на состојбата за патниците од Западен Балкан, вели портпаролот на ЕК, Адалбер Јанц.

Јанц нагласува дека на овој предлог се работи „паралелно“ со веќе презентираниот предлог за издавање дигитални зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за државјани на трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

„Во моментов, дигиталните сертификати (планирани за летото) не го менуваат фактот дека во ЕУ се во сила ограничувања, кои се однесуваат на неважни патувања во ЕУ“, предупредува Јанц.

Европската комисија претходно соопшти дека се работи на правење дигитални зелени сертификати, кои треба да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, кои треба да бидат оперативни пред почетокот на летото.

Планирано е европските сертификати за вакцинација со каква било вакцина против ковид 19, за поседување на PCR-тест или антитела да бидат проширени на државјани на трети земји, и дека на среден рок ќе се работи на заемно признавање на сертификати меѓу ЕУ и Западен Балкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk