logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ НА ИСТ СТАВ СО БУГАРСКОТО МНР - ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 29.05.2026

ФИЛИПЧЕ НА ИСТ СТАВ СО БУГАРСКОТО МНР - ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, се вели соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат.

Ова би ѝ дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија.

Филипче исто така е на ист став со Виктор Стојанов од Фондацијата ,,Македонија“, која има за цел во Македонија да шири бугарска пропаганда, говор на омраза кон Македонците и да го негира македонскиот идентитет.

Ова беше јасно откако во јавноста излезе фотографија од Рубин Земон на тркалезна маса со истиот тој Виктор Стојанов. Земон беше дел од Извршниот одбор на СДС, поставен од Филипче, а човек на Заев, и јавно изјави дека за него Гоце Делчев е небитен.

За ниедна од двете ситуации поврзани со Рубин Земон, Филипче не кажа ништо, ниту се огради од него.

Ставовите на новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, се јасни, дека македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот, македонските револуционери се Бугари, и дека македонскиот и бугарскиот народ се ист, само во две држави.

Граѓаните неколкупати испратија пораки на избори до СДС и Филипче. Наместо да се занимаваат со бугаризација на Македонија, со релативизирање на македонскиот идентитет, и да се обидуваат да го продадат тоа како некоја европска приказна, СДС и Филипче да почнат да се занимаваат со работите дома.

Затоа што од позиција на опозиција, Филипче не може да одлучува за иднината на државата, кога тој беше дел од структурите кој ја донесе до оваа позиција и го блокираше евроинтегративниот пат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk