logo
logo
logo

КАДЕ ИСЧЕЗНУВА ТЕТОВСКАТА ВОДА - Во 21 век и во пандемија Тетово со суви чешми (ВИДЕО)

Vecer | 14.04.2021

КАДЕ ИСЧЕЗНУВА ТЕТОВСКАТА ВОДА - Во 21 век и во пандемија Тетово со суви чешми (ВИДЕО)

Жителите на Тетово имаат ппроблем кој во 21 век е незамислив.  Делови од градот со месеци немаат нормално водоснабдување. Понекогаш немаат вода по 12 часа, а понекогаш и со денови.

Револтирани велат дека ова е недозволиво во време на пандемија кога хигиената треба да е на највисоко ниво.

- Чиста вода е едно од основни човекови права! Ние вчера и денеска, а и многу пати предходно сме 12 часа без вода. Во време на пандемија раце не можеш да измиеш. Син ми утре нема да оди во градинка, затоа што нема со што да го избањам, ова е само еден од бројните коментари на социјалните мрежи.

За проблемот реагираат и еколошките здруженија и бараат итна ревизија на изградбата на новиот водовод,но, и што поскора реконструкција на стариот.

- Бараат одговориност, но и објаснување, каде исчезнува водата од Шара, и зошто и со два водвода, Тетово е со суви чешми. Откако не добиле одговор од премиерот Заев, екологистите ќе бараат помош и од претседателот Пендаровски, односно проблемот да се решава на национално ниво.

- Веќе треба сериозно да се направат ревизии и инспекциски надзори, на терен, да се види и утврди што точно се случува. Да се види колку изградбата на малите хидроцентрали има влијание на ова.Сите оправдувања, се веќе смешни. Тетово е град под Шара, а нема вода во 21 век-со овој проблем не се соочува никој друг град во Македонија. – вели Нгадњим Мемети – “Еко герила” за Алфа

Минатиот месец, Тетово два пати беше со десетдневни рестрикции, поради оштетени цефки на новиот водовод на Лешница, а надлежните се уште немаат одговор за граѓаните.

https://youtu.be/5GKTFft4ZFg

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk