Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Рашела Мизрахи денеска на седница на тоа работно тело соопшти дека консултации од експертски лица ќе бидат побарани по прашање на сите осум амандмани кои се поднесени на Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во второ читање, со цел тие да не ги пробијат текстовите на ЕУ директивите.
- Поднесени се осум амандмани. Поради природата на амандманите и потребата за ефикасност, а не чиста политика, земајќи предвид дека се работи за реформски закон со европско знаменце ќе побараме консултации од експертски лица по прашање на сите амандмани за тие да не ги пробијат текстовите на ЕУ директивите со кои се усогласуваме, рече Мизрахи.
Седницата на Комисијата беше прекината, а нејзиното продолжување, како што беше истакнато, дополнително ќе биде закажано. На седницата беа поканети членови и заменици членови на Комисијата и министерот за здравство Азир Алиу.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата