Лидерот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска инфомриаше дека е потпишана Повелба за
стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата
предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“.
Коалицијата на
ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24
политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои
треба да обезбедат стабилна и силна Македонија.
Тргнувајќи од
целта за сеопшт политички и државен развој и напредок на нашата татковина
Република Македонија;
Констатирајќи го
девастирачкиот карактер врз македонската економија, политика и национални
интереси на актуелната владејачка клика;
Свесни за
сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во
битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој;
Коалицијата
„Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за
претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и
недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во
политичкото дејствување.
Свесни за
девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика,
обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и
странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар
живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите - членки на коалицијата
„Твоја Македонија“.
Недвосмислена и
цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш
носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е
основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за
истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно
и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба
да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната
власт.
Основниот концепт
за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и
развој на креативноста на личноста.
Нагласувајќи го
разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика,
остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока
се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на
изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори,
електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и
други инфраструктурни проекти.
Манифестираме
јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат
долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека
борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и
подобар стандард на македонските граѓани.
Воедно апелираме
да има масовна излезеност на овие избори бидејќи неизлегувањето на овие избори
подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезноста е
клучот. Промените се во ваши раце, изјави Мицкоски