logo
logo
logo

Собраниската комисија го избра Исмаил Синани за кандидат за член на КСЗД

Vecer | 04.06.2026

Собраниската комисија го избра Исмаил Синани за кандидат за член на КСЗД

Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, Усеин Елезоски, Кадрије Мустафа, Жаклина Дамческа, Кристина Наќеска-Арсовска и Несиме Јашари-Љума.

Претседателот на Комисијата, Сајкоски, ја отвори седницата и ги запозна присутните со начинот на спроведување на постапката и текот на интервјуирањето на кандидатите. Воедно, ги информираше присутните дека кандидатите Усеин Елезоски и Кадрије Мустафа се неоправдано отсутни.

Покрај членовите на Комисијата и пратениците, во процесот активно учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и други организации кои дејствуваат во областа на спречувањето и заштитата од дискриминација.

По спроведената постапка и разгледувањето на кандидатурите, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација  од страна на Комисијата беше  предложен  кандидатот Исмаил Синани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk