logo
logo
logo

Возачите на ЈСП САМИ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ КАЗНИТЕ ЗА ПРЕКРШОК, а ќе ги следат за бензинот

Vecer | 05.02.2026

Возачите на ЈСП САМИ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ КАЗНИТЕ ЗА ПРЕКРШОК, а ќе ги следат за бензинот

Возачите на автобусите на ЈСП, како и на возилата на другите јавни претпријатија во Скопје, отсега сами ќе ги сносат трошоците за сообраќајни прекршоци. Ова денеска го соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека казните за поминување на црвено светло или пречекорување на брзината повеќе нема да се плаќаат од буџетот на претпријатијата.

Со цел да се спречат злоупотреби и да се воведе поголема дисциплина, градот најави воведување на нов систем на контрола.

Возилата нема да можат да стартуваат без персонална картичка од возачот, со што во секој момент ќе може точно да се утврди кој управува со возилото. Доколку не може да се идентификува возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк.

Дополнително, ќе се инсталираат ГПС-уреди и специјални мерачи на гориво. Системот ќе алармира веднаш доколку се регистрира потрошувачка поголема од еден литар, со цел да се стави крај на кражбите и неправилностите во користењето на службените возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk