logo
logo
logo

Герила акција на ВМРО-ДПМНЕ

„И на здравје ПРОБАВТЕ ДА УКРАДЕТЕ!“

Vecer | 11.03.2021

„И на здравје ПРОБАВТЕ ДА УКРАДЕТЕ!“

Откако италијанскиот весник Ла Верита ообјави дека власта преку фантом комапнија се обидела да набави вакцини од Кина, скандалот предизвика големи реакции во јавноста дека власта си поигрувала со здравјето на граѓаните.

Весникот денеска дури објави и писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“.

Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината.

Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност и  оставки за скандалот и по тој повод вечерва спореведе герила акција пред Влада.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ поставија транспарент на кој пишува: И на здравје пробавте да украдете!

Инаку според Владата, немало ништо спорно, а според министерот Филипче опозицијата се обидувала да фрли дамка врз порцесот на вакцинација

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk