logo
logo
logo

Немало гужви и турбофолк за 8ми март - Сопственикот на кафаната тврди дека снимката е стара!

Vecer | 09.03.2021

Немало гужви и турбофолк за 8ми март - Сопственикот на кафаната тврди дека снимката е стара!

По објавената снимка на социјалните мрежи и изјавата на Државниот пазарен инспекторат за прослава со турбо фолк музика и гужва во време на пандемија, реагираше и Златко Васовски, сопственикот на кафеаната Дебар Маало во Скопје.

Впрочем, оваа кафана на социјалните мрежи беше посоченa како местото, во кое, наводно вчера се славело 8 март без почитување на мерките за заштита од ковид-19.

Васовски во телефонски разговор за МКД.мк вели дека се работи за стара снимка и дека постојано има инспекција која не ги промашува овие кафеани.

„Снимката е во мојата кафеана, но е стара и не е од вчера. Не можам точно да се сетам од кога е, можеби пред Нова Година некаде или порано. Ние живееме во пандемија веќе една година и на тој начин и работиме. Од мојот локал плата земаат 40 фамилии и никогаш не би си дозволил инспекција да ми го затвори местото поради прослава спротивна на препораките дадени од Владата", вели Васовски за МКД.мк.

Тој додава дека инспекторите под будно око го следат работењето на кафеаните во Дебар Маало и невозможно е да не се почитуваат мерките.

„Верувајте дека инспекцијата е постојано на терен и не не промашуваат. Во кафаната од 400 места сега сум редуциран на 200. Ако вака продолжи состојбава не знам како и ние ќе продолжиме, но сепак мерките мора и треба да се почитуваат. Сите живееме во време на пандемија и мора на тој начин и да работиме, ни се допаѓало тоа или не. Сите трпиме загуби, а ние угостителите се чини дека најмногу, но тоа не значи дека треба да загрозуваме свое и здравјето на граѓаните. Мерките секогаш ги почитуваме", дополнува Васовски.

На социјалните мрежи денес се појави снимка од прослава, а за неа МДК.мк побарале изјава и од Државниот пазарен инспекторат. Оттаму исто така демантираа дека вчера имало таква прослава во Дебар Маало во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk