Паркирањето во Општина Центар ќе биде бесплатно за време на Велигденските празници, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на 10 април (петок), 12 април (недела) и 13 април 2026 година (понеделник) на сите отворени паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. Исклучок се затворените паркиралишта „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде наплатата ќе се одвива според редовниот режим.
„Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, со исклучок на затворените паркиралишта со автоматска наплата“, информираат од ЈП ПОЦ.
Според програмата за неработни денови, 11 април (сабота) е работен ден, па паркиралиштата ќе функционираат со вообичаено работно време.
Од претпријатието додаваат дека депото на „Пајак“ службата ќе работи непрекинато, 24 часа во текот на празниците.
Редовната наплата и издавањето договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжат од 14 април (вторник), со стандардно работно време.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата