logo
logo
logo

ХРАНАТА ПОЕВТИНУВА ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД - Пазарниот инспекторат продолжува со контроли

Vecer | 07.08.2026

ХРАНАТА ПОЕВТИНУВА ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД - Пазарниот инспекторат продолжува со контроли

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки.

-Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи. Паралелно, Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања. Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната – веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените, велат од Министерството.

Сепак, додаваат, Владата останува целосно посветена на заштитата на животниот стандард на граѓаните.

-Доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе реагираме навремено и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за обезбедување фер пазарни услови и заштита на потрошувачите, порачуваат од Министерството за економија и труд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk